Летово во Париз: Пловечко ноќно кино на Сена

13 јули 2020

После ревија на реката Сена, жителите на Париз ќе добијат и кино.

Од овој месец, градот ќе го добие првото пловечко кино, односно “Cinema sur l'eau“. „Отворањето“ е закажано за 18 јули.

Со оваа ноќ на филмот ќе се одбележи и враќањето на годишната манифестација со привремени плажи во Париз во текот на летото нареченa токму "Плажите на Париз“.

Како е замислено да функционира?

Вкупно 38 електрични бротчиња ќе бидат распоредени на Сена, на соодветна дистанца. Секое бротче има капацитет за шест луѓе, а оваа активност за парижани е сосема бесплатна.

И имајќи го тоа предвид, за да биде фер, граѓаните кои сакаат да го искусат ова доживување, ќе учествуваат во лотарија.

Сепак, оние што нема да бидат толку среќни, не мора да бидат претерано загрижени, бидејќи ќе можат да ја следат проекцијата на брегот на Сена, на која ќе бидат поставени 150 лежалки.

Инаку, од 2002 година, па до сега, секое лето речниот брег се претвора во приморско летувалиште со плажи, лежалки, чадори за сонце, па понекогаш дури и со базени. Но, бидејќи оваа година светот се соочува со Ковид -19, организацијата ќе биде поинаква.

Со оглед на тоа дека поголемиот дел од народот, оваа година нема да летува никаде, градските и државните власти во Франција се трудат да им понудат бројни занимливости и активности со кои ќе им го подобрат и расположението и летото.

Фино, нели?

 

 

Објавено:
13 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
822 пати
Тагови: 
Париз кино Сена
Извор: 
harpersbazaar.rs