„Лице в лице“ повикува млади до 12 години да креираат новогодишни честитки

17 ноември 2020

Уличното списание „Лице в лице“ повикува млади другари до 12 години да ја искажат својата креативност. 

„Ајде да цртаме! Новогодишна „Лице в лице“ честитка“, е поканата, а во продолжение прочитајте ги деталите:

 автор: Варвара Николова

„Драги пријатели,

Ова е година полна предизвици... нѐ задржува да останеме дома, со цел да го заштитиме сопственото и здравјето на блиските. Но, ајде тоа време да го исполниме креативно и забавно! Можеме да помогнеме во тоа!

За сите деца до 12 години организираме повик за дизајн на Новогодишна честитка, која ќе ги впие најубавите желби и замисли за следната година! 

Вашите дизајни/цртежи/креации (во скенирана форма), можете да ги испраќате на мејлот: licevlice@public.org.mk, а за најдоброто решение ќе одлучува тим од дизајнери и фотографи, но, и публиката на „Лице в лице".

Финалниот избор ќе има можност да биде објавен на страниците во декемвриското издание на „Лице в лице", а галерија од пристигнатите решенија ќе објавиме на дигиталната платформа, (достапна на kupi.licevlice.mk).

Трите, пак, најдобри решенија ќе добијат и годишна претплата на „Лице в лице".
Во овој поход ни се придружува и издавачката куќа Literatura.mk, која првите петмина ќе ги награди со книги од својата понуда за детска литература. 

Драги родители и наставници, тука и вие сте на потег! Информирајте ги вашите деца и ученици за овој повик, поттикнете ги да создаваат, малку и да се натпреваруваат, и помогнете им со испраќањето на креацијата. При испраќање на цртежот, задолжително наведете име/презиме и возраст на младиот автор/авторка 

Драги деца, помислете на идејата за Новогодишна честитка, подгответе ги боичките, и, на работа.
Крајниот рок на повикот е 30 ноември! И да, споделете го и со вашите пријатели!

Забавувајте се!“

Во продолжение пак погледнете уште некоја честитка од изминатата година за инспирација:

автор: Георги Равански

автор: Зоран Инадески

автор: Иван Петрушевски - Флим

автор: Руки и Сандра

Објавено:
17 ноември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
290 пати