Лондон е фантастичен за време на празничната сезона!

24 декември 2019

Лондон е секогаш привлечна дестинација за посета. Но, за многумина посебно е убав во зимскиот празничен период. 

Освен главните знаменитости и големите трговски центри, убавината на Лондон во текот на божиќните денови е што дури и во најмалата улична да скршнете ќе видите некое украсче, така што невозможно е да не ве маѓепска празничната атмосфера.

Ако никогаш не сте биле, тогаш направете план тоа да го сторите што побрзо или пак следната година. Ние на инстаграм следиме неколку блогови и профили за овој град што секогаш одново ја разгоруваат желбата за повторна посета.

Дел од празничното волшебство ви презентираме во продолжение преку следните фотографии:

 

фото извор: @visitlondon; @prettylittlelondon; @london; @richardtaylor_photography; @shanasun; @angelinacurilova; @chi_b_413; @7.8jf; @me_and_julie; @london.vacations

Објавено:
24 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.310 пати