Луксузен ресторан во Максико Сити прави да се чувствувате како да сте во типичен раззеленет мексикански двор

23 август 2022

Иако летните патувања привршуваат и повеќето од нас веќе се враќаат назад на своите работни места, сепак постојат и оние кои допрва го планираат своето следно патување за време на постудените месеци.

Мексико е една од омилените локации за посета за време на доцната есен и почетокот на зимата, затоа што тогаш температурите таму се идеални. Па доколку ви се отвори можност да заминете за Мексико Сити во периодот што следи, имаме одлична препорака за ресторан кој можеби би сакале да го посетите.

Азијскиот ресторан Ling Ling, лоциран на 56-тиот кат на облакодерот Chapultepec Uno на авенијата Paseo de la Reforma во Мексико Сити е нановиот проект на локалното архитектонското студио Sordo Madaleno Arquitectos.

Фото: LGM Studio

Со своите високи ѕидови и прозорци, како и сводови и покрив кој неодоливо потсетува на нео-готска катедрала, ресторанот нуди поглед од речиси 360 степени на градот и неповторливо луксузно искуство.

Сепак, главниот акцент и она што особено го издвојува овој ресторан од останатите е и фактот што целосниот ентериер е обраснат во зеленило и исполнет со израснати дрвја давајќу му уникатна алфреско естетика на просторот поради која ќе се чувствувате како да јадете во некој од големите дворови и тераси кои се типични за мексиканската архитектура.

Фото: LGM Studio

Кога од Sordo Madaleno Arquitectos беше побарано да го обнови ентериерот од 1.000 квадратни метри, фирмата се одлучи да преземе формален пристап кон процесот на дизајнирање, користејќи структурни елементи и методи на градба за да помогне да се замати границата помеѓу архитектурата и дизајнот на ентериер.

Во центарот на Ling Ling се наоѓа застаклен простор со тројна висина наречен „тераса", покриен со структура во стил на портик. Во средината помеѓу масите се поставени големи жардинери исполнети со раззеленети дрвја, додека пак ползавците се бајковито обвиткуваат околу столбовите и романтично висат од структурата на тремот над главите на гостите.

Фото: LGM Studio

Таваните на внатрешниот салон и затворената трпезарија се значително пониски и се карактеризираат со засводени дрвени структури. Нагласени со нежно осветлување, овие поинтимни простори се опремени со мебел изработен конкретно за потребите на ресторанот.

Фото: LGM Studio

Во однос на палетата на бои кои доминираат во ентериерот, Sordo Madaleno Arquitectos се одлучи за растителни нијанси за да го надополни бујното зеленило поставено низ целиот простор.

Фото: LGM Studio

Фото: LGM Studio

Фото: LGM Studio

Фото: LGM Studio

Фото: LGM Studio

Фото: LGM Studio

Фото: LGM Studio

Фото: LGM Studio

Фото: LGM Studio

Фото: LGM Studio

 

Објавено:
23 август 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
148 пати