„Made in North Macedonia: Women's Skills" – омаж на петте години работа на модниот институт „Изет Цури“

6 март 2020

Вчеравечер во Музејот на македонска борба се одржа ревијата „Made in North Macedonia: Women's Skills" со која се одбележаа пет години од работата на меѓународниот моден институт во Скопје, „Изет Цури".

Ревијата беше во органзација на „Добредојде Macedonia Welcome Centrе" (DMWC) во соработка со Француската амбасада, а во фокусот ја постави работата и визијата на сите досегашни генерации студенти на институтот под менторство на професорот Цури, со што видовме лепеза на дизајни со различна естетска перцепција и реализација.

„ За само пет години работа резултатите гордо говорат дека таа посветеност резултира со успешни и веќе препознаени млади дизајнери со исклучително професионално изработени модни колекции под директно менторство на професорот Изет Цури, ценето име на париската модна сцена со долгогодишна успешна кариера на глобално ниво. Важно е да се нагласи дека ова е единствено место каде се добива едукација за начинот на кој се изработува Висока мода во Париз и моделирање на самата конструкција, знаење кое професорот Цури несебично го пренесува на своите студенти", се вели во официјалното соопштение на институтот.

 

Амбиентот од ревијата ви го пренесуваме преку фотографија.

 

Објавено:
6 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.188 пати