@made.in.yugoslavia: Инстаграм профил полн со спомени од Југославија

26 јуни 2020

Фиксен телефон „Искра", куцачка машина, кујнски сетови, лустери и вазни што сите ги имавме дома и уште многу други спомени од едно минато време – од времено на поранешна Југославија, се главната тема на Инстаграм профилот @made.in.yugoslavia.

Овде, сите „носталгичари" ќе се присетат на времето од своето детство или младост, кога речиси сите во домаќинството ги имавме истите предмети.

Вредноста на овие предмети е уште поголема, кога ќе се земе предвид дека повеќе не се произведуваат, а единствено може да се најдат или во специјализирани продавници за винтиџ парчиња или дома, во вашата гаража или подрум, спакувани во кутии.

Ќе наидете и на ретро мебел, што во модерното уредување повторно е актуелен, па може ќе се инспирирате да ги тапацирате старите фотелји и да им обезбедите посебно место во вашиот дом.

Чувате ли сè уште некој од овие предмети-спомени?

 

Објавено:
26 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.636 пати