Магијата на јоргованот

11 март 2022

Април и мај мирисаат на јоргован. Пријатен и опоен мирис на едно од омиление цвеќиња кое е слика на совршенството на природата, а ние обожуваме со него да го разубавуваме домот.

Јоргованот е распространет низ сите делови на Источна Европа, Мала Азија, во Северна Америка, а се верува дека неговото потекло е од Турција.

Постојат над 1000 видови и сорти на јоргован, со различни цветови и големини.

Неговите цветови може да бидат обоени во розово, бело, жолто, виолетово, црвено и сино, а на нашите простори најзастапен е виолетовиот цвет.

Покрај декоративно, јоргованот се користи и во фармацевската индустрија, но и како состојка во производството на парфеми и етерични масла благодарение на неговиот интензивен, прекрасен мирис.
Во пресрет на сезоната за јоргован, ве инспирираме како да си го декорирате домот и терасата со ова волшебно цвеќе.

 

Објавено:
11 март 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.021 пати