Мајка на осум деца открива: Вечерата и подготовките за спиење започнуваат во 16.30 часот

6 февруари 2021

Клое Данстан е името на 27-годишната Австалијка од Перт, мајка на осум деца.

Таа и нејзиниот сопруг Роан, пред осум години станале родители на Еван. Потоа се раѓаат уште две деца, Ото (7) и Феликс (6). Но, тие ќе посакаат да имаат уште едно дете. Но, наместо едно ќе добијат тројки - Руфус, Ханк и Прл кои наскоро ќе наполнат пет години. Сепак, ни тука нема да застанат, па семејството лани стана побогато за близнаци. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

Ова богатсво што го има дома вели ѝ носи радост, но бара и беспрекорна организација.

Таа и сопругот водат онлајн продавница за играчки, така што тоа што можат од дома да ја организираат работата им е олеснителна околност.

Клое успева да води и Инстаграм профил и јутјуб канал, на кој објавува видеа во кои презентира дел од нивното интересно секојдневие, но и добредојдени совети.

Подготовките за вечера и за спиење почнуваат уште во 16.30 часот. Додека таа ја готви вечерата, повозрасните деца помагаат во складирањето на играчките, додека најмалите се одмораат во лулашките.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

Клое вели дека клучот на успехот е во добро осмислен оброк, со што би ѝ било што помлаку време потребно за подготовка.

Во едно од видеата, таа готви тестенини со домати, тиквички, спанаќ, модар патлиџан и лук.

Кога ќе заврши со готвење, децата вечераат, па нешто пред 20 часот следи миењето на забите. Поголемите одат на спиење, а на помладите им следи и читање на приказни. 

Вели, од првиот пат кога станала мајка, па досега, има 1.000 книги и сликовници, па децата пред спиење сами бираат што сакаат да им се чита.

Младата мајка вели дека денес и е дури и малку полесно со подготовките, бидејќи освен поголемите и тројките веќе знаат сами да се облечат и пресоблечат.

И вакво повеќебројно семејство за некого можеби звучи како премногу голем предизвик од различни аспекти, но таа вели дека сите уживаат во тоа што се големо семејство, особено сега кога се сите дома, поради пандемијата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

-Повозрасните деца наутро следат онлајн настава и решаваат задачи, а попладне уживаат во заеднички активности - цртање, играње со играчки, смеење - вели Клое.

Таа си легнува помеѓу 21 и 22 часот, а за успешното функционирање на нивното семејство вели дека е заслужна тимската работа.

-Знае да биде прилично напорно да се има и бизнис, кариера, да се следат училишни обврски и работа околу домот, но ние успеваме бидејќи сето ова го правимме заедно. Максимално го користиме времето што го поминуваме како семејство и тоа навистина ни е важно - вели мајката за „Дејли Мејл“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by chloe and beans (@chloeandbeans)

 

Објавено:
6 февруари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
21.842 пати