Македонците го освоија Букурешт: И келнерите ги пеат песните со нас!

13 јуни 2021

Неполн час има до почетокот на натпреварот помеѓу Македонија и Австрија во Букурешт. Но, поддршката и убавото расположение траат уште од вчеравечер.

Центарот на Букурешт е буквално освоен од Македонците.

Насекаде се слушаат македонски песни, се веат знамиња и нема шанси да не сретнете некого во црвено-жолт дрес.

Атмосферата е неповторлива! Сите пеат во еден глас. Врне, но тоа не ги спречува ниту навивачите да редат песни од кои ечи целиот центар, а ниту келнерите.

„Од околните кафулиња може да се слушнат македонски песни, а и келнерите веќе ги научија, па пеат со нас! Долго ќе не' паметат овде“, велат за Fashionel.mk од македонската фан зона.

А веројатно ќе ги паметат и младенците кои се најдоа во центарот на градот, токму меѓу нашите навивачи, а кои со громогласен аплауз и скандирање ги поздравија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk)

 

Инаку, оние што купија карти, веќе се сместуваат на стадионот, а и нашите репрезентативци неофицијално го ѕирнаа теренот да го доживеат, пред да почне првиот натпревар во ова историско првенство за нас. 

Сега веќе натпреварувачите од двете репрезентации се на теренот и се загреваат. А ние одбројуваме.

Ви ја пуштаме сета среќа момци!

Ќе навиваме од срце за вас!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk)

 

Објавено:
13 јуни 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.972 пати