Македонксиот дизајнер Сатја Грабулоски и Swithadot изработија уникатни патики како подарок за НБА легендите

28 октомври 2022

Македонксиот дизајнер Сатја Грабулоски и неговиот тим Swithadot изработија уникатни патики кои им ги подарија на четворицата водители на најпознатото шоу за кошарка во САД, и тоа, Ерни Џонсон и НБА легендите Шекил О'Нил, Кени Смит и Чарлс Баркли.

Патиките OneOfAKinds се рачно насликани ликови, односно лицата на водителите, инспирирани од вистински сцени од самото шоу. Па така, ликот на Шекил е инспириран од епизодата каде јадеше чипс со најлуто чили, Баркли е нацртан како заспива за време на преносот во живо, Смит е прикажан со перика која ја носеше во една од емисиите, а за ликот на Ерни е користена слика од доделувањето на ЕМИ наградите, каде што ја освои статуетката за најдобра спортска емисија.

Ункинатниот подарок предизвика воодушевување кое беше тешко да се сокрие, а водителите со задоволство ги покажаа патиките на камера, упатувајќи специјален поздрав кон македонскиот уметник и неговиот тим.

„Голем поздрав од Атланта до Македонија и Сатја Грабулоски. Неговата компанија SWithADot, е единствената во светот што изработува уникатно дизајнирани, рачно изработени обувки. , еве може да ги видиме овие за филмот Space Jam. Прекрасна уметност. Еве, и за Кристијано Роналдо. И знаете што? Сатја направи еден пар и за нас, наречени Inside the NBA's", рече водителот Ерни Џонсон.

Патиките, за чија изработка се потрошени 155 часа, ќе бидат изложени во студиото на ТНТ во текот на целата сезона.

Сатја Грабулоски е внук на легендарниот скулптор Јордан Грабулоски – Грабул чие славно дело е споменикот Македониум во Крушево. Тој и неговите соработници од Swithadot се креатори на патики за голем број светски и регионални ѕвезди кои може да се видат на нивниот официјален профил.

Во прилог можете да го погледнете целото видео од емисијата

Објавено:
28 октомври 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
661 пати