Македонската филхармонија се приклучува на културните институции што емитуваат онлајн програма

22 март 2020

Македонската филхармонија од вечерва започнува со емитување на дел од својата програма онлајн, поради неможноста периодов да ја изведува својата концертна програма во живо.

Со тоа оваа институција се приклучува на неколкуте културни установи од нашата земја, штo земајќи ја во предвид вонредната ситуација, одлучија својата програма од областа на културата да ја донесат во домовите на својата публика.

„Почитувани вљубеници во музиката,
Филхармонија од денеска ќе почне да емитува дел од своите симфониски концерти на социјалните мрежи, кои можат да се најдат и на Јутјуб каналот, некои од нив реализирани во соработка со Македонската радио-телевизија. Поради состојбата во која што се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна, и се надеваме убава варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и секако, гостите - диригенти и солисти.
Почнуваме со извонредниот концерт „Моќта на Заратустра" и едно од најмоќните дела во класиката - „Така зборуваше Заратустра" на Рихард Штраус, под водство на врвниот маестро Антони Вит!", се вели во официјалното соопштение.

Ние веруваме дека музката може да го спаси светот.

Објавено:
22 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.554 пати