Поради големиот интерес и читаност на првиот дел од текстот, кога ви ги претставивме шесте македонски инстаграм профили за готвење, одлучувме да ве почестиме и со уште еден дел.
Во време кога од клучна важност е да бидеме дома и да го зачуваме здравјето, на овие профили ќе најдете одлични идеи за што вкусно да зготвите, а и здраво.
Затоа, #СедиСиДома и направи нешто вкусно.
А инстаграм профилите за инспирација следат во продолжение:
„Сè што е убаво за очи и убаво на душичката “ е мотото на Елена, која стои зад блогот „По мој вкус“. Таа не крие дека нејзината цел е да го зголеми апетитот на оние што ја следат. А дефинитивно ѝ успева во тоа. Таа во моментов живее во Франција, а готвењето ѝ е одлучна терапија против носталгијата која ја чувствува кон родната земја. „На блогот ќе се најдат разни рецепти: од македонски традиционални јадења, можеби и до помодерни француски јадења и се измеѓу што ќе ми се допадне да го споделам со вас, бидејќи не за џабе се рекло „хранате е повкусна кога ќе ја споделите со другите", вели Елена. Ве оставаме да уживате во нејзините рецепти и одлични фотографии:
View this post on Instagram
Она што веднаш ни го привлече вниманието на профилот на Катерина се одлично декорираните порции, што дополнително ви го поттикнува апетитот. На овој инста-блог можете да видите и прочитате домашни рецепти. Како вели и во описот на блогот, сраствен љубител е на сè она што претставува храната, од нејзината историја, созавање, готвење и споделување. Ѝ благодариме што несебично споделува рецепти кои се претвораат во вкусни јадења. Еден таков имате во продолжение, а за други кликнете на линкот погоре.
View this post on Instagram
Ако сакате креативност, тогаш сигурни сме дека инстаграм профилот на Бојана ќе ве освои. Таа и нејзината екипа стојат зад блогот „Ситно сецкано“, кој веруваме досега сте го сретнале. Таму, а и кај Бојана, ќе најдете интересни испробани рецепти, експерименти со нови состојки или пак некои стари, приготвени на нов начин. „Ситно сецкано“ постои повеќе од 10 години, па погодувате дека „инстаграм-книгата“ и на Бојана е полна со рецепти. Ѕирнете во дел од нив:
View this post on Instagram
Славица е името на дамата која стои зад овој инстаграм профил и фантастичните рецепти. Таа е од Охрид, но храната што мириса на љубов, како што и самата вели, ја споделува со сите оние што ја следат и што се гурмани. Ако сакате домашна кујна, тогаш нејзиниот избор на рецепти несомнено ќе ви се допадне. Сигурни сме дека ќе ве потсети на кујната на мама.
View this post on Instagram
За магија во кујната, ова е профилот што треба да го ѕирнете. Маргарита Гацева стои зад него и нуди брзи, лесни и здрави рецепти за вкусни јадења. Ако сте од оној тип што и покрај слободното време не сака претерано многу да се задржува во кујна, но сепак сакате домашните да ги изненадите со нешто, дефинитивно тука можете да најдете инспирација. Овошје, зеленчук, фантастични зачини и се' што е здраво, а вкусно, ќе ви го привлече вниманието.
View this post on Instagram