Македонскиот фотограф Томислав Георгиев награден за најдобра фотографија на светскиот конкурс „Водa = Живот“

3 ноември 2022

Македонскиот фотограф Томислав Георгиев е добитник на наградата за најдобра фотографија на светскиот конкурс „Вода = Живот" во организација на Министерството за надворешни работи на Холандија.

Од вкупно 143 фотографи од целиот свет, фотографијата на Георгиев беше избрана за победничка. Фотографирана е на 3-ти септември 2022 година, а прикажува како маж ги чисти водните плевели и смет од дното на реката Црн Дрим во Струга.

„Една од причините зошто ние како жири ја одбравме оваа фотографија, е дека доловува визуелен феномен кој ја поттикнува нашата имагинација и ја покажува хармонијата помеѓу човекот и околината", рече во своето видео обраќање Натали Олијслагер, програмска директорка на UN Water conference за Холандија и претседателка на жирито за натпреварот „Вода = Живот".

Честитки!

Објавено:
3 ноември 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
807 пати