Македонските занаети добија уште една потврда за убавина од делегацијата на Европската унија

27 август 2020

Еден од редовните посетитители на сите базари на Креативна Македонија и голем обожавател на рачните изработки е шефот на делегација на Европската Унија Г- динот Самуел Жбогар. Пред неколку дена ни' дојде во посета на новата локација на Еснаф, каде имавме одличен разговор и го запознавме одблиску со предизвиците со кои се соочуваме во ова време. Како и до сега не остана рамнодушен на изработките и вештините на нашите занаетчии.

Се наоѓаме на нова локациja во центарот на градот, во близина на Грчката Амбасада, потсетуваат од Еснаф.

 

Објавено:
27 август 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
292 пати