Малата Бојана го победи карциномот – уште една убава вест од Детската клиника!

23 септември 2020

Денеска ни пристигна и нè израдува уште една убава вест од Клиниката за детски болести во Скопје.
Малата и храбра Бојана го победи карциномот и си оди дома со насмевка и нови надежи за безгрижно и среќно детство.

„Една кротка убавица, покажа дека е лавица. Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш се што сакаш. Бојана само посакај ! Бојана е една од децата кои победија карцином", се вели во пораката што од Детската клиника ѝ ја испратија на Бојана.

Посакуваме звукот на ѕвончето на кое денеска заѕвони Бојана како симбол за нов почеток, да биде поздрав со кој од клиниката здрави ќе си заминат и другите дечиња.

*Видеото е одобрено од родител.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SANO (@sano.ngo) onSep 23, 2020 at 12:02am PDT

Објавено:
23 септември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
356 пати