Малиот Онур го победи ракот!

10 јуни 2020

Убави вести пристигнуваат од Клиниката за детски болести. Малиот Онур го победи ракот и си замина дома.

„Деновиве уште еден наш јунак го испративме дома, долго бевме заедно на одделенето за хемато-онкологија. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш !“ стои на Фејсбук профилот на „Детска клиника“.

Инаку, оваа недела ќе биде посветена токму на сите оние кои победиле карцином.

Според податокот што го објавија во рамки на објавата, повеќе од 32 милиони лица низ целиот свет преживеале рак.

„Сите знаат некој чиј живот е допрен од карцином“, велат од Клиниката.

Поддршка за сите оние што се борат и за оние што излегле како победници, меѓу кои е сега и малиот Онур кој го удри ѕвоното за збогум :)

 

Објавено:
10 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.063 пати