Малума со концерт во Загреб!

25 октомври 2021

Хрватските медиуми со голема возбуда го најавија доаѓањето на големата музичка ѕвезда Малума!

Како пренесуваат, еден од најпопуларните латино изведувачи во моментов ќе настапи во Загреб со свој концерт и тоа за неколку месеци.

Датата е веќе објавена - 24 февруари, а концертот ќе се одржи во загребската Арена.

Концертот во Загреб е во рамки на неговата европска турнеја по повод промоција на последниот албум „Papi Juancho“. Со четири албуми зад себе има преку 18 милиони продадени албуми, со што го зарабова епитетот најпродаван латиноамерикански музичар. 

Соработките со Шакира, Мадона, Џеј Ло, Рики Мартин и други само му помогнаа на патот кон славата.

За сега е познато дека билетите ќе бидат пуштени во продажба од 29 ноември.

Инаку, Загреб е еден од првите градови каде ќе настапи, а со турнејата ќе ги опфати и Виена, Париз, Цирих...

 

 

Објавено:
25 октомври 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.244 пати