Марија Спасовска прогласена за „Најдобар пејач“ на фестивалот за филмска музика „Тралала“

20 август 2019

Минатата недела во Охрид се одржа Интернационалниот фестивал за филмска музика „Тралала", каде нашата земја ја претставуваше и Марија Спасовска, која воедно беше наша овогодишна претставничка на Детската Евровизија.

Таа беше најмладата натпреварувачка на фестивалот во конкуренција од 28 кандидати од 21 земја.
Настапи со композицијата „Reflection од Mulan", што ѝ обезбеди уште едно признание, овојпат за „Best singer".

„Интернационалниот фестивал заврши, стекнав нови искуства и ја збогатив мојата биографија со уште еден пехар и диплома "Best singer". Ви благодарам што ме поддржувате, ве сакам сите. Продолжувам да сонувам и остварувам", напиша Марија на својата фан страна по завршувањето на фестивалот.

Објавено:
20 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
198 пати