Марлон Брандо и неговиот приватен рај

29 мај 2017

Mарлон Брандо покрај генијалниот актерски талент кој го поседувал, ја сакал неизмерно природата и се грижел таа да остане недопрена. Причината за купувањето на приватен остров во шеесетите години од минатиот век е да има сопствен мир, а рајот го создавал полека и сигурно.

Му биле потребни шест години да ги среди документите за приватноста на островот и преговарал директно со тогашната француска влада. Островот Теити Ароа се наоѓа на 60 километри од Тахити и претставува огромно природно богатсво чиј единствен проблем биле комарците, но и за нив Брандо се погрижил по еколошки пат. Овој остров го менаџира неговиот син Мико Брандо кој за своето прво доаѓање на овој остров ќе каже дека биле само тројца, тој, татко му и брат му Теихоту. Го откривале секое делче од островот и недопрената природа.

 
„Само слушав одвреме навреме како паѓаат кокоси и почнав да го препознавам звукот на тоа паѓање. Татко ми ги испитуваше сите возможни цвеќиња, дрвја, птици, учеше за дивината, за она што може да го изненади во таа природа“.

Марлон Брандо ќе изгради 12 гостински бунгалови и ќе ги опреми за туристи. Тарита, една од неговите партнерки, никогаш нема да се пресели во Холивуд, таа ќе го води хотелот и покрај раскинувањето на врската со големиот актер во 1972 година.

Брандо ќе ја разбуди во себе страста за да ја конзервира природата на некој начин и ќе забрани моторни бротчиња на островот. На негова покана ќе дојде цела класа студенти по билогоија од Санта Моника колеџот за да ја исптуваат природата на островот се со цел да не се загрози и да се одржува колку што е можно повеќе без вештачки материјали.


*Овде беше неговиот рај, неговото бегство од Холивуд. Тој сакаше како го третираат луѓето од островот. Ним не им беше гајле кој е, со што се занимава, колку пари има, колку е популарен. За нив беше едно обично човечко суштество. Се чувстуваше како дома. Знаеше да оди на риба сосема сам, да готви за своите гости со огромно задоволство. Татко ми ја сакаше љубезноста на народот на Тахити, нивната топлина, љубов, чувствителноста, луѓе кои не осудуваат, кои немаат предрасуди и се едноставни.*


Островот е наречен The Brando и иако е во сопственост на неговите деца, со него управува долгогдишиот пријател на Марлон, Ричард Бејли кој се потрудил се да функционира преку соларна енергија и да е еколошки цертифициран остров.


Мико додава: „Многу славни ликови биле тука и уживале, не им се оди дома после престојот тука. Обама беше тука само еден месец откако му заврши мандатот за да ги пишува своите мемоари. Татко ми сигурно би бил среќен да можеше да виде дека еден американски претседател бил дел од неговиот рај. Секој бунгалов има свој базен со сопствена плажа. Опремени се со џакузи, а напред на терасата ви се сервира оброкот. Никој не знае дека сте тука, ниту пак вие знаете кој престојува тука. Единствена приватност во светот е токму овој остров“.


Последниве неколку дена е повторно актуелно ова место затоа што Пипа Мидлтон заедно со својот сопруг Џејмс Метјус својот меден месец ќе го поминат токму тука.

Ако ве интересираат цените, тие се движат од 2200 евра до 6600 евра за минимум две ноќи и во зависност колкав бунгалов сакате.

 

Објавено:
29 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.007 пати