Matthew Dekay на АМАНЕТ фестивал на 26 -ти јули во Охрид

17 јули 2019

Познатиот холандски диџеј Matthew Dekay на 26 – ти јули ќе настапи на првото издание на електронскиот музички фестивал АМАНЕТ на плажата Градиште 2 во Охрид.

Фестивалот е во организација на Sun Production Skopje и Liquid Sound, а основната цел на истиот е да презентира звучни имиња од глобалната електронска сцена сместени во два фестивалски викенди, 26, 27 и 28 јули и 01 и 03 август 2019 година лоцирани на плажата Градиште 2.

Покрај MATTHEW DEKAY, АМАНЕТ летово ги носи и NIC FANCIULLI и ARTBAT. Целата програма е збогатена со дневни журки како и журки на брод. 

Покрај еминентните имиња од глобалната електронска сцена, на овој фестивал подеднаква важност и можност да ја презентираат својата музика ќе имаат и продуцентите и диџеите од македонската музичка сцена, како и од соседството, чија бројка оваа година изнесува над 20.

„Нашата цел е на публиката да и понудиме иновативен музички настан каде преку настапите во живо на едни од најпрогресивните и најактуелните артисти сакаме да го доловиме Охрид и неговите убавини во една поинаква и поразиграна димензија“, велат од организацијата на фестивалот. 

MATTHEW DEKAY | 26.07 | Плажа Градиште 2 

Животот е создаден од универзална вибрација, сеприсутна околу нас . Способноста на Метју Дикеј целосно да се предаде на оваа фреквенција и да дејствува како нејзин катализатор целосно препуштајќи се на нејзиното течение и вибрации, е причината за неговата успешна кариера досега. 

На почетокот на својата академска кариера како музичар, Метју ги осознава слободата и магичноста на електронската музика, каде стрикните правила на класичната симфонија едноставно не постојат. Во овој процес, тој открива цел еден нов свет каде може да го искаже своето внатрешно себство и кој набрзо станува негов животен пат. 

Целта на Метју отсекогаш била да ја пренесе љубовта преку својата музика. Неговите верувања, насочени кон универзалната енергија и спиритуалност цврсто го втемелуваат неговиот музички вкус. Тој неуморно работи на нова музика, црпејќи инспирација од динамичкиот џез инјектирајќи сопствени продукциски елементи со сенс на авантура, љубов и желба луѓето да се претопат во едно додека се на подиумот. 

На 26 - ти Јули, на плажата Градиште 2 македонската публика ќе има можност да почувствува дел од енергијата на човек кој верува во моќта на енергијата, универзалниот јазик на музиката и едноставноста на фактот дека треба само да ја слушаш музиката за да разбереш се околу себе, безрезервно радувајќи се на секој момент од животот! Не пропуштајте го уникатниот настап на Метју Дикеј на Аманет Фестивал 2019! 

NICK FANCIULLI | 27.07 | | Плажа Градиште 2 

Ник Фанчули припаѓа на генерацијата диџеи кои одиграа голема улога во втемелувањето на моменталниот статус на Ибица, како островот на денс и електронска музика. Неговата кариера е распослана во две декади битисување на електронската андерграунд сцена. Сo својата работа на многу различни проекти, Ник Фанчули отскокнува како мултиталентиран артист кој докажува дека креативноста е клучот за опстанок во оваа брзо растечка индустрија.

За неговата импресивна кариера може многу да се напише, но она што е најважно е дека таа има природен раст поттикнат љубовта кон оваа сцена и желбата истата да се сподели. Неуморно работи на создавање на нови проекти и звуци, кои македонската публика ќе може да ги чуе на 27.07, плажа Градиште 2!!! 

ARTBAT | 01.08| | Плажа Градиште 2 

Најпознатото украинско електронско дуо Артбат сочинето од Артур и Батиш, кое во моментов ја ужива препознатливоста на глобалната музичка сцена ќе настапи на првото издание на Аманет фестивал годинава. Последните неколку години, овие искусни диџеи и продуценти од Киев, доживеаја неверојатен подем во својата кариера. Клучот на нивниот успех лежи во моќниот и инвентивен препознатлив звук кој го создаваат. Нивните импресивни траки имаат способност да допрат до публиката без разлика дали истите ги изведуваат на интимни мали подиуми или големи фестивалски арени. Драјвот е неизбежен и токму затоа и нивните траки се вклучени во сетовите на најеминетните имиња од моменталната техно и хаус сцена како Соломун, Tale of Us, Pete Tong, Deadmau5, Richie Hawtin… 

Во моментов Artbat се наоѓаат на врвот на повеќе топ листи на електронска музика и се најдобро продаваниот артист на Beatport Melodic House & Techno Char.

Објавено:
17 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
127 пати