Медените пристигнаа на црвениот килим!

9 февруари 2020

Медените пристигнаа на црвениот килим на 92. издание на Оскарите!

Екипата на нашиот кандидат за Оскар, „Медена земја" му носи посебен шарм на годинешното издание, затоа што се надвор од препознатливиот холивудски шаблон, а веќе пристигнаа на црвениот килим пред театарот „Долби" и зрачат со нивната посебност.

Фото: Fan page: Honeyland

Режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, снимателите Фејми Даут и Самир Љума и главната протагонистка Атиџе, која успеа да не сплоти и меѓу нас и со светот, се екипата која независно од златната статуетка, се победници во својата намера да го соочат човештвото со заборавените вистински вредности.

Тие се вистински ѕвезди – не само на црвениот килим и меѓу сите етаблирани холивудски имиња во чие друштво се во моментот, туку и ѕвезди како метафора на нивната светлина, на освестувачката порака која успејаа да ја спакуваат во маестрално парче документарен филм што ја промени пред сè историјата на македонската кинематографија, но ја промени и свеста и светогледот на сите што имаа можност да го погледнат досега.

По многу нешта посебен, „Медена земја" е и првиот филм што вечерва е номиниран во двете категории: за Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм.

фото: telegraph.co.uk;

Британскиот „Телеграф" напиша: „Најемотивното и најтоплото присутгнување на црвениот килим - Атиџе Муратова, ѕвезда на документарниот филм „Медена земја". Сметаме дека изгледа убаво".

Имаме повеќе од доволна причина да останеме будни до раните утрински часови и да видиме дали предвидувањето на филмскиот критичар на „Гардијан" ќе се оствари.

 

За потетување, „Медена земја" на својот пат до Оскарите успеа да собере повеќе од 15 најпрестижни награди и признанија во светот на документарниот филм, меѓу кои и трите награди на „Санденс", „како и наградата за „Најдобар документарец" на Националното друштво на филмски критичари и на Друштвото на филмски критичари во Њујорк.

 

Објавено:
9 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.162 пати