Меѓународна модна фото изложба во Concept 37

19 мај 2015

Светот во мало со карактеристичните културни обележја на различни земји, имате можност да го видите на Меѓународната модна фото изложба која вчеравечер беше поставена во кафулето Concept 37, а е во организација на Британскиот совет во Македонија.

Благодарение на визуелната моќ на фотографиите, на момент ќе отпатувате во Бразил, ќе се запознаете со боите на Грузија, па дури ќе ги почувствувате и егзотичните мириси на Јужна Африка...

Меѓународната модна изложба (The International Fashion Showcase) е фестивал на кој свое деби имаат млади дизајнери, кој е организиран од Британски совет и Британскиот моден совет за време на Лондонската модна недела. Настанот се организира во соработка со амбасади и културни институции од Лондон со цел на изложбата да се претстават најталентираните дизајнери со нивна интерпретација на современата култура и наследство од нивните земји.

Оваа поставка имавме можност да ја видиме и во рамките на програмата на последниот Моден викенд Скопје, а за сите оние кои ја пропуштија, овој пат изложбата во Concept 37 ќе биде отворена до 24 мај.

Објавено:
19 мај 2015
Категорија: 
Култура