„Металика“ донираше 250 илјади евра за изградба на болница за детска онкологија во Романија

16 август 2019

Познатот метал бенд „Металика" донираше 250 илјади евра за изградба на болница за детска онкологија во Букурешт, Романија, што е една од првите болници што се градат во оваа земја после три децении.

Бендот донацијата ја уплати на сметка на асоцијацијата „Daruieste Viata" која собира донации за изградба на првата болница за детска онкологија во оваа земја што започна да се гради во 2018-та година, пренесува агенцијата Франс прес.

„Нашата цел е да им овозможиме малку радост на децата болни од рак, исто како што Металика ги прави среќни своите фанови низ цел свет", вели за Франс прес, Кармен Ускату еден од основачите на асоцијацијата.

Инаку „Металика" се актуелни со својата светска турнеја WorldWired, а донацијата ја обезбедија непосредно пред нивниот целосно распродаден концерт во Букурешт оваа среда.

 

Објавено:
16 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
279 пати