Мишел Вилијамс ќе биде Џенис Џоплин

17 ноември 2016

Гласините од пред неколку дена дека на актерката Мишел Вилијамс ќе ѝ припадне честа да ја толкува Џенис Џоплин во филмот „Џенис“, конечно се потврдија. Актерката призна за магазинот „Е“, дека улогата е нејзина.

Таа ќе ја има главната улога во остварувањето што ќе се базира врз книгата на сестрата на пејачката, Лора Џоплин, насловена како „Love, Janis“. На големото платно ќе биде опфатени последните шест месеци од животот на рок легендата, пред да почине од предозирање со наркотици на 27-годишна возраст.

Вилијамс се присети на тоа како изгледа процесот на одење аудиции и чекање на одговорот за тоа дали си ја добил работата или не, што секако, било случај и овој пат.

-Сфатив дека во животот на еден актер постои еден убав ден, а тој е кога ќе добиеш работа. Пред да ја добиеш си во стилот да молиш: „Ма ајде! Умирам за оваа улога! Морам да ја имам! Ве молам, ќе направам сè. Ветувам... одберете ме мене! А кога ќе ја добиеш тогаш си во стилот: „Ја имам! Колку сум возбудена! Не ми се верува дека ја добив оваа можност! А веќе следниот ден, почнуваш да се грижиш. Моментално, сум токму во таа фаза – вели актерката за магазинот.

Инаку, ова не е единствениот биографски филм за Џоплин. Претходно беше направено остварување за тоа како изгледа еден ден од нејзиниот живот, насловен како „Get It While You Can“, но авторот се соочи со тужба, па филмот никогаш не ја доживеа својата премиера. Инаку, во него улогата на познатата пејачка од 1960-тите ѝ припадна на Ејми Адамс.

Објавено:
17 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
128 пати