Miyatta: Новите генерации жени сакам да знаат дека кога нешто не сакаат, не мораат

8 февруари 2021

„Маска“ е насловот на новата песна на Наташа Мијатовиќ - Мијата, за која е направен и видео запис - режисерско деби на пејачката, а токму тоа беше и поводот за нашиот краток разговор.

Покорноста на жената, нејзината вклапеност во очекувани општествени норми и фактот дека треба да знаат дека се повредни од тоа како се доживувани се дел од темите кои ги обработува песната.

Слушнете ја, а во продолжение прочитајте го и нашиот разговор:

Мошне симболичен наслов, со оглед на времето кое го живееме сега. Кога сите сакаме да ги тргнеме маските, ти пееш за „дајте ми маска за да се прикријам од овој просек..“

-Маската која за жал стана наше секојдневие, ја користам за да изразам една друга моја состојба. Униформираноста што постојано ни се наметнува, едноумието и покорноста - тие се работите што јас не ги поседувам природно и затоа маската барам да ме скрие и привидно да ме направи да се клопам („fit in“). Иако започнувам во стиховите од строфата навидум феминистички, тоа е само перспектива на жена, затоа што таа перспектива ми е мене природна. Верувам дека во стиховите од рефренот ќе се пронајдат и двата пола.

Може ли просечноста да биде и добра?

-Просечноста е подобра од подпросечноста во секој случај. Но, всушност, надпросечните се двигатели на светот. Тоа е нивната мисија по генетски код и колку и да се трудат просечните да ги задушат нема да можат. Оваа лекција е токму поглавието каде сега се наоѓам како родител во воспитанието на моите деца – да ги освестам дека работите или ги правиме како што треба или ич нема потреба да ги правиме. Ќе видиме дали ќе успееме со сопругот во тоа...времето ќе покаже.

Да споиш толку многу нешта, да ги спакуваш, е воедно е и ризик и предизвик. Беше ли тоа можеби и една од причините поради кои одлучи и сама да го режираш спотот, кој е твое режисерско деби?

-Најчесто уште во процесот на создавање на песна имам идеја доколку се прави спот како тој би требало да изледа. До сега тоа сум го рааскажувала на режисерите и заедно сме наоѓале НЗС. Јас реално немам филмска наобразба или искуство за да знам како тоа што го замислувам е најдобро да се реализира на камера, но имам природен „сенс“ за естетика и уметничка интуиција. А по сè изгледа тоа било најважно. Повторно се консултирав со дечките од „Мелем продукција“ како е најдобро да се изведе сетоа ова. Тие поради Ковид не успеаја да ми го снимат видеото, ама имаа верба дека можам и сама. И фала им за тоа. Всушност Короната е индиректно заслужна за моето режисерско деби.

Повторно понуди поинаков естетски израз. Во спотот може да се забележат и елементи од футуризам, надреализам, па дури и историски референци на некои жени од минатото... (во изгледот на танчарките). Ја ставаш жената и нејзините улоги во фокус, беше ли тоа и појдовната точка?

-И музика кога создавам, и комбинации за облекување коа правам, па еве сега во спотот, не се држам до накави норми или правци. Затоа кога го открив зборот еклектично како стил се израдуав. Токму тој збор е апликативен за моето творештво. За спотот конкретно, знаев дека треба да имам танчерки кои ќе ги доловат сите улоги (работни задачи) на една жена во нашето поднебје. Она традиционално очекување дека жената треба да биде и домаќинка, и мајка, и заводничка, и да трпи, и креативна/вешта и борбена што се всушност и улоите на секоја од танчерките во спотот. Во консултација со Сара Кочан од Dancers United, направивме анализа која од овие улоги ќе и прилега на која танчерка и така ги цртавме костимите. Потоа со Гордана Божиновска, која ги изработи костимите, ги биравме материјалите да бидат што е можно попретпопени во атмосферата. Потоа големо влијание на визулениот резултат има и 3Д анимацијата на Давор Вуковиќ (аниматор од Нови Сад) која се проектираше на ЛЦД тотемите (DvD5) кои беа поставени во Prolight студиото, а секако посветеноста на снимателите Сашо Доковски и Тони Стојановски и смелата монтажа на Били Д. од Artistic Production беа круната на овој спот. Со други зборови, месец дена активна работа за три минути задоволство.

Како да се заштитиме од отровот што не' опркужува? Што за тебе се' претставува отров?

-Со слушање на својата интуиција. За надворешното загдување што ни се случува  немам предлог решение затоа што тоа е резултат на примитивни човечки форми. Но, за отровот што ни го пласираат преку медуимите мора секој од нас свесно да се бори за да се заштити. Секој од нас знае што е најдобро за себе и нема што да слушаме на тв или на интернет препораки кои само нè оддаlечуваат од вистинското јас. Губењето на личната чистина и заблудите кои ги заведуваат луѓето според мене се најголемиот отров.

Како го доживуваш фактот дека сè уште имаме потреба да пееме, зборуваме, пишуваме дека жената е повеќе од кукла и туѓи замисли, општествени проекции?

-Кога се родив  ја затекнав ситуацијата по тоа прашање уште полоша од сегашната. Но, сега сум во фаза каде што можам да творам и говорам отворено на темата зашто како реализирана четириестгодишна жена зборот повеќе ми држи. Само не ми е јасно како низ вековите успеавме жените да се најдеме на толку потчинета позиција. Со што ли не прелажаа?

Кога изgовараш силно „Не сакам!“

-Најважниот стих од песната кој сакам да го разберат новата генерација македонски жени е „за многу повредни нешта сум родена, и кога не сакам нешто, јас не морам“.

А последното „Не сакам“ во песната е само да го акцентирам тој момент. Еден процент да ме разберат - јас сум завршила голема работа.

Објавено:
8 февруари 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
680 пати
Тагови: 
Мијата