МНТ со бесплатна претстава за медицинските работници

6 октомври 2020

Македонскиот народен театар на 14 октомври ќе ги запали светлата на сцена. Првата претстава по повеќемесечната пауза поради пандемијата, ќе биде во чест на докторите.

„Ги повикуваме хероите на ова време, лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 септември“, Детската болница - Козле, епидемиолозите и матичните лекари, да ја проследат првата претстава после паузата и уживаат во актерската игра.“, се вели во соопштението на институцијата.

Се работи за претставата „Говорна мана“, по текстот на Горан Марковиќ, во режија на Драгана Милошевски-Попова, а во која играат Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска.

Салата ќе биде со намален капацитет и мерки, согласно протоколите за работа на културните институции.

 

 

Објавено:
6 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
229 пати
Тагови: 
МНТ