Модерни пензионери од целиот свет обединети на овој инспиративен Инстаграм профил

4 ноември 2022

Пензионери кои знаат добро да се облечат, имаат интересно хоби и раскажуваат интересни животни приказни, се главните протагонисти на еден од најзабавните Инстаграм профили што ги откривме во последно време, @gramparents.

Профилот е отворен во 2016 година и во почетокот ги документирал само пензионерите од Њујорк, но поради големиот интерес, набрзо добил мултикултурен карактер, па станал една шарена и пријатна разгледница од стилот на пензионерите ширум светот.

Фотографиите вклучуваат широка перспектива како во однос на возраста, така и во одност на имиџот, па покрај тоа што тука ќе наидете на дами од третото доба облечени во елегантни костуми и капути, истовремено ќе се сретнете и со такви кои обожуваат да носат патики и спортска облека.

Браво за сите нив.

Објавено:
4 ноември 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.423 пати