Модна вечер на Бит-Фест 2014

6 август 2014

bitfest-2014-baner

Деветтото издание на културната манифестација Бит-фест е во тек, а вечерашната програма во добар дел е посветена на модата.

Марија Трајкоска - Мујомбано е една од креаторките што ќе се претстават со свое модно шоу. Живее во Берлин, но е родена битолчанка, а токму пред нив ќе понуди модели во урбан стил, со комбинација од Македонија, Германија и Африка. Колекцијата е во соработка со битолската креаторка Јелена Станаревиќ.

Пред домашната публика модно шоу ќе има и дизајнерката Лили Кадинска - Лебранд. Двете модни шоу-а ќе се одржат во Домот на АРМ во Битола.

Истата вечер ќе бидат претставени и рачни ракотвроби. Сите оние што ќе бидат во Битола ќе имаат можност да уживаат во богата уметничка вечер, а комплетната програма ви ја презентираме во продолжение.
08:00-22:00 Плоштад Магнолија

Мини саем на книгата

13:00 и 18:30 Мала сала, Центар за култура

Четврти ИДТФ „Битолино“

„Кога се беше зелено“ Театар „Клуч“ Тел Авив, Израел

20.00 Нова сцена Центар за култура - Битолино

„Падобранци“

Тандарика театар, Букурешт, Романија

20.00 Фоаје, Центар за култура

„Ревија на стари филмски плакати“

ЗГ Фото кино клуб Битола

20:30 ЗМГ Концертна сала

Солистички концерт на Марија Наумовска

21.00 Стара чаршија

Концерт „Паркети“

21.00 Дом на АРМ

Балканска колонија на ракотворби „Астерион галери“

20.00ч – Прва самостојна изложба Пеце Талески

21.00 – ПАТУВАЊЕ - БИТОЛА ГО ПРЕСРЕТНУВА БЕРЛИН – свечено отворање

БИТОЛА ЕДНО ВРЕМЕ .... АФ „Плетенка“ и „Сирма Војвода“

ЛЕБРАНД КОЛЕКЦИЈА – Лили Кандинска – моден дизајн

MAKETRA MEETS LILU

22.00ч – Изложба на ракотворби

Објавено:
6 август 2014
Категорија: 
Култура