Ејми Вајнхаус 1983-2011

Мојата приказна ќе ја раскажам на своите внуци

24 јули 2017

Неодолива, но и неподнослива, гласна и непредвидлива се зборовите со кои ја опишува Ејми Вајнхаус нејзината мајка, Џенис Вајнхаус. Поради сите овие особини во детството ја нарекувале Ураганот Ејми раскажува нејзината мајка.Таа ги открива деталите од нејзиното детство во осумдесетите години од минатиот век во Лондон, како и нејзините скандали и пороци за време на нејзината кратка музичка кариера. На крај Ејми ќе заврши трагично токму поради сите пороци во текот на нејзиниот живот. Џенис вели дека од најраното детство Ејми одбивала да биде како останатите деца, била секогаш со повреди, заглавувала постојано со извесни непријатности и неприлики, исклучително непослушна и не го разбирала зборот „не“.

Сето ова го задржала и кога пораснала и кога ќе стане светски позната музичка ѕвезда, со сите нејзини тетоважи, воочлива фризура, необичен стил, зависничка од дрога - умира во 2011-та година на само 27 години.

-Беше пејачка, суперстар, зависник и млада жена која сигурно патуваше кон својата смрт. За мене сепак беше само Ејми, моја ќерка и моја пријателка и тоа за мене ќе остане засекогаш.

Во своите мемоари „Да ја сакаш Ејми“, Џенис ќе ја раскаже нераскажаната приказна на својата ќерка. Ејми е многу мала кога Џенис ќе се разболи од мултиплсклерозис и се сомневала дека Ејми имала Туретов синдром, заболување поради кое таа не можела да се контролира што зборува и дека со таа ментална болест се борела последните неколку години од својот живот.

Џенис не верува дека Ејми сакала да умре, напротив сонувала за семејство и како еден ден ќе стане мајка. Кога Џенис ќе се разведе од својот сопруг, таткото на Ејми Мичел, таа ќе почне со проблемите на училиште. Веќе на девет годишна возраст имала сериозни повреди на рацете како последица од самоповредување, на 10 години е фатена во кражба, а од 12 години почнала да пуши и да пие. Три години подоцна почнала секојдневно да пуши марихуана. Џенис била аптекарка и многу рано ги препознала симптомите кај својата ќерка. Состојбата и се влошила кога го запознава Блејк Фидлер Сивил кој пак ја запознава со хероинот и кокаинот.

Подоцна ќе се омажи за него. Нејзината зависнот е вон секоја контрола, а попатно ќе се разболи и од булимија. Станува параноична и агресивна. На свои 20 години го промовира својот албум „Френк“, освојува награди. Таа година ќе ја изгуби својата баба Синтија со која е многу блиска. После ова таа потполно се губи во светот на дрогите со Блејк. Од друга страна нејзината кариера е на врвот. Нејзиниот албум "Back To Black" ќе биде најпродаван таа 2007-ма година. Славата ја поднесува исклучително тешко, особено на настапите и можела да се појави само под дејство на алкохол.

Дрогата го зема данокот, останува без заби, ослабена, кожата исушена и Џенис го гледала сето тоа пропаѓање, но била беспомошна. Одбивала да оди на рехабилитација и со денови била дома во друштво со дрога и алкохол. Цигарите ги гасела на своите образи, немало момент да нема некој отров во телото. Џенис верувала дека Ејми сакала да се смени, но не знаела како, верувала докрај. Почеток на крајот е оној страотен настап во Белград 2011-та година на кој едвај стоеше на нозе. После тој концерт повторно се обидува да се „симне“ од сите пороции и  и тргнува од рака, но само неколку недели. Умира на 23-ти јули 2011 година во својот кревет, потполно сама.


„Секој месец од тој ден сум се поблиску до Ејми, но се уште не можам да се простам од неа. Има денови кога чувствувам мир, но има ноќи кога се будам во солзи“ - вели Џенис.

„Јас не сум родена да настапувам пред публика. Родена сум да пеам, но сум премногу срамежлива. Знаете какво е чувството? Не сакам да звучам ниту патетично ниту сентиментално, но тоа е исто како кога сте вљубени, кога не можете да јадете, имате немир. Но, кога се качувам на сцена и почнувам да пеам се престанува. Толку сум среќна што сум тука, оваа приказна ќе ја раскажам на своите внуци, а тие пак на своите“ - ќе изјави Ејми во своето последно интервју.

Фотографии: google images, people.com, dailymail.co.uk, rolling stone magazine

 

Објавено:
24 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
964 пати
Извор: 
rolling stone magazine