Музичко уживање: „24 илјади бакнежи“ - љубовен концерт во Филхармонија

8 февруари 2021

Оркестарот на Филхармонија в сабота, на 13 февруари, во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените.

Концертот е насловен „24 илјади бакнежи“, а на програмата се безвременски љубовни песни –  „Еденбакнеж“,  „Beautiful Maria“, „Ne me quitte pas“ и др.

Насловот на концертот е извлечен песната „24.000 baci“ која исто така ќе биде изведена на овој концерт, напишана во 1961 година од Е.Леони, П.Виварели, Л.Фулчи и А.Челентано. Премиерно била изведена на фестивалот „Сан Ремо“ во изведба на Адриано Челентано и Литл Тони и го освоила второт место. Се смета за прва рокенрол песна која влегла во конкуренција за наградата, воедно и за композиција која ја потретира младината во времето на сексуалната револуција.

Како солист на концертот ќе настапи нашиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски, кој доаѓа специјално за овој концерт од Италија и младата македонска вокалистка Светланата Јовановска. Ќе настапи и хор, а во рамки на концертот ќе има и балетска точка во изведба на Кала Каревски, во кореографија на Саша Ефтимов.Благој Нацоски

Концертот ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, една од најнадежните македонски диригенти којасвоето образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 година.

-Ги поканувам сите љубители на најубавата уметност да ни се придружат и заедно да уживаме во специјално одбрана програма со дел од најубавите љубовни теми. Постарите ќе можат да се вратат во младоста, а помладите да чујат како звучеа љубовните песни во минатото.За мене, е особено задоволство да се работи со нашата Филхармонија како и одличните солисти Благој Нацоски и Светлана Јовановска со кои заедно, се надевам, ќе успееме да ја пренесеме нашата љубов во ова време во кое љубовта ни е особено потребна – вели диригентката Имери Илкоска.

Дијана Имери Илкоска

Концертите за Денот на вљубените се традиционална содржина на Филхармонија повеќе години наназад. Концептуално се различно обликувани од стандардната програмата и најчесто имаат популарен карактер.

Објавено:
8 февруари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
646 пати