Музиката обединува - Цела Италија пее: „Да се прегрнеме“

13 март 2020

Откако го видовме видеото од едно маало во Неапол, како соседите се излезени на балконите и пеат во знак на солидарност, се појавија и други видеа и од истиот град, но и од други градови. 

Така, на едно, исто така од Неапол, соседите пеат „La gente come noi non molla mai“, односно „Народ како нас, никогаш не се предава“.

 

На второто видео кое е компилацијата од повеќе видеа, се гледа дека некаде се свираат инструменти, некаде одекнуваат аплаузи, додека на повеќето се повторува песната - „Abbracciame", односно „Да се прегрнеме".

Песната е од 2015 и ја изведува пејачот Андреа Санино.

Рефренот што го пеат во видеото гласи: „Прегрни ме вечерва, не сакам да се сеќавам на ниту еден од моментите кога те сонував и потоа се будев, а ти не беше тука“.

Целата песна слушнете ја во видеото во продолжение, а преводот на англиски можете да го видите на линкот - „Abbracciame - English

 Уметноста обединува!

Објавено:
13 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
10.313 пати