На барање на публиката детската претстава „Петар Пан“ утре во НОБ

7 февруари 2020

Доколку размислувавте каква активност да смислите за вашите најмили во текот на викендот, еве еден одличен предлог од Националната опера и балет.

Како пренесуваат, на барање на публиката, утре, (сабота) 8 февруари 2020, со почеток во 12 часот, во ќе се одржи популарната балетска претстава за деца „Петар Пан".

Петар Пан е палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров, Недојдија, како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња", заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати и одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Кореограф е Џејмс Амар (Франција). Настапуваат балетски солисти и ансамблот на Националната опера и балет

Билети на билетарницата на Националната опера и балет како и онлајн на www.operabalet.mk.

 

Објавено:
7 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.362 пати