Националниот парк „Галичица“ од неодамна има и мобилна апликација

3 декември 2020

На официјалната Фејсбук страна на „Националниот парк Галичица“ завчера беше соопштено дека за сите љубители на природните убавини на Галичица е поставена мобилна апликација.

„„National Park Galicica" им овозможува на сите посетители да ја искусат невидената убавина на паркот на едноставен начин каде најважните информации се достапни на едно место.

Имате можност да се запознаете со типот на патеки кои ги има во Н.П. Галичица, мини енциклопедија во која се достапни различни видови на флора и фауна кои се присутни на територијата на Галичица, како и многу други дополнителни занимливости.

Апликацијата е достапна за Андроид и за iOS.

 

Објавено:
3 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
170 пати