Најголемиот шармер во Холивуд денеска слави роденден

25 април 2019

Денеска еден од најбрилијантните актери што некогаш Холивуд ги имал, а воедно и еден од најголемите шармери. Ал Пачино, полни 79 години.

Исклучителна актерска кариера со бројни култни улоги, како ретко кој друг актер. Речиси секое негово појавување на филмското платно е еквивалентно со улога која оставила траен печат во филмската индустрија.

Од Мајкл Корлеоне во „Кум", преку Тони Монтано во „Лице со лузна", па се до улогата на слепиот полковник во пензија во „Мирисот на жената", која му донесе и Оскар во 1992 година.

Секогаш неговите улоги ги врзуваат неколку базични карактеристики: моќни, влијателни, авторитативни ликови, како што впрочем е и самиот во светот на филмската индустрија.

Секогаш важел за миленик на публиката и на жените. Мишел Фајфер во неколку наврати му била партнерка на филмското платно и тоа во неколку фантастични филмски остварувања, меѓу кои и „Френки и Џони'' и „Лице со лузна".

Во приватниот живот пак, исто така секогаш покрај себе имал убави партнерки. Според „Page Six", актерот во моментот е во врска со дупло помладата израелска актерка, пејачка и авторка, Метал Дохан.

Среќен роденден Пачино!

 

Објавено:
25 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
388 пати