Најубавите божиќни базари во Европа: Магичната Виена

23 ноември 2019

Веќе од 15. ноември, во повеќето европски градови започнува божиќната магија претставена преку божиќните маркети односно базари.

Во наредниот период ќе ви презентираме некои од најубавите, воедно ќе ви дадеме и идеја каде би можеле да отпатувате, а одлучивме да започнеме со божиќниот маркет во Виена. Всушност, не е еден има повеќе.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by mariannlamb52 (@mariannelb52) onNov 22, 2019 at 9:15am PST

 Виена во ова време од годината се претвора во буквално магичен град, осветлен со преку два милиони сијалички. Божиќните маркети во престолнината на Австрија датираат од 13. век.

Фантастичните украси, вкусна храна и напитоци, привлекуваат повеќе милиони посетители годишно во ова време од годината. Најголемиот базар е пред Градското собрание, односно кај „City Hall Square“, каде се собиераат секоја година повеќе од три милиони посетители.

фото: @free_spirit.ro;

Покрај овој најголем базар, градот има уште неколку вакви, на различни локации од градот, а секој од базарите е посебен по нешто. Вљубените двојки уживаат во базарот на плоштадот „Ратхаусплатц“, како и во „Advent Magic“ во паркот „Ратхаус“, каде се наоѓа и „Little Heart Tree“, дрвото под кое мора да си разменат бакнеж.

Романтичен е и божиќниот саем на Шпителберг, а посебно ќе им одговара на оние кои уживаат во топли напитоци и кулинарски специјалитети, бидејќи изборот е навистина огромен.

Уште еден базар има кај палатата „Шонбрун“ кој изобилува со сувенири од времето на Марија Терезија и царицата Сиси.

фото:@plume_creative_;

Базарот на плоштадот пред црквата „Свети Карл“ (Karlsplatz) во фокусот ги става рачните изработки, а ако сакате да купите подароци тогаш упатете се на базарот „Алтвинер“ (Altwiener Christkindlmarkt) на Фрејунг, каде ќе се изгубите во магијата на огромен број дрвени куќички со фантастични подароци.

Доколку пак сакате да пробате вкусно греано вино, тогаш вашиот избор нека биде базарот „Ам Хоф“ (Am Hof).

фото: @hangry_girl_eats

Освен базарите, во Виена во ова време од годината се поставени и т.н. „божиќни села“, а најомилените на голем број посетители се пред палатата „Белведере“ на плоштадот „Марија Терезија“. Тука можете да се возите со туристички возови, да пробате превкусни бомбици со рум, пунч од јаболка, вафли, крофни, овошје прелиено со чоколадо или фантастични печени компири...

Повеќето саеми работат од 15 ноември до 23. декември, па граѓаните на овој град и посетителите уживаат повеќе од еден месец во оваа неверојатна магија. Она што можеби годинава единствено недостасува е природниот снег, но погледнете дел од атмосферава годинава, како и од минатите изданија, да видите за што ви зборуваме:

Повеќе информации можете да видите на линковите ТУКА и ТУКА како и ТУКА.

 

 фото: @travacs;

 

 фото:@christmasmarketsvienna;

 

 фото:@christmasmarketsvienna;

 

 

 фото: @laurenlucilecreative;

 

 фото: @christmasmarketsvienna;

 

 фото: @debonodebbie;

 

 фото: @thedivaeatsprata;

 

 фото:@thedivaeatsprata;

 

 фото: @janalew;

 

 фото: @gabygarrid0;

 

 

фото: @kylebonello;

 

фото: @gritadelphia;

 

фото:@laurenlucilecreative

 

 фото: @traveller365com;

 

 фото: @billionfashion7;

 

фото: @smilingsteph

 

@monusyk;

Фото: @monusyk

 

фото: @bunny.hatgis;

 

фото: @madshobo;

 

фото:@exploreeuropeanspirit;

 

фото:@pudel.brownie;

 

фото:@elizabeth.isme

 

фото: @marktamt_wien;

 

фото:@mariannelb52

 

фото: @vivphoto;

 

фото:@errebiemme;

 

фото:@errebiemme;

 

фото: @wienerweihnachtstraum;

 

фото:@vivphoto;

 

фото:@s.kuytov;

 

Објавено:
23 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.631 пати