Најубавите божиќни венци и како да ги направите сами

14 декември 2020

Покрај новогодишната елка, како есенцијален декор во празничниот амбиент секогаш е и божиќниот венец што може да го сместите на влезната врата, може да ја краси празничната трпеза или пак да му најдете друга соодветна позиција во домот.

Неговиот изглед може да биде раскошен, минималистички, класичен, рустичен или пак да одберете естетика која ќе биде карактеристична и соодветна на вашата домашна атмосфера.
Направивме виртуелна обиколка низ плеадата од идеи што на оваа тема ги нудат Пинтерест и Инстаграм, ѕирнавме и во неколку магично украсен домови, па ви донесовме селекцја од свежи идеи каков празничен венец да одберете за вашиот домашен декор.

Уште еден добар момент е што венецот може да го изработите од детали што веќе ги имате во домашната креативна работилница, па затоа и нема потреба да трошите финансии на оваа идеја.

Ако сакате да експериментрате со невообичаен дизајн во скандинавск стил, тогаш ќе ви бидат доволни само неколку суви гранчиња, бела и сребрена боја и украсни детали по избор. Врзете ги гранчињата во форма на гнездо или пак ѕвезда и забавувајте се додека го декорирате со мали ленти или шишарки.


Секогаш стои отворена опцијата и за класичен, елегантен венец, со зелени гранчиња, црвени ленти и златни лампиони.


Венецот може да го изработите и од комбинација на лампони во различни нијанси или пак дури и во комбинација на суво овошје.


Ова се само неколку почетни идеи што имаат за задача да ве мотивираат. Но, имагинацијата нема граници, зарем не?

Објавено:
14 декември 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
7.747 пати
Тагови: 
божиќни венци