Најубавите новогодишни излози низ годините

29 ноември 2017

Од писма со новогодишни детски желби испратени до Дедо Мраз до снешко со кој може да направиме „селфи", новогодишните излози на луксузните брендови, модни и стоковни куќи, се една од најголемите празнични атракции низ светските метрополи за време на празничните денови.

Празничен излог на Macy's во 1907

Од година во година, еволуцијата во нивното уредување е толку напредна, што излозите повеќе наликуваат на уметнички инсталации отколку на рекламен простор.

Винтиџ излог

Една од најпознатите интернационални стоковни куќи Macy's ја започнала својата традиција на фантастично уредување на новогодишните излози, уште во 1870-те години и од тогаш нивните излози се вистинска атракција, како за туристите така и за локалните жители.

Tiffany&Co

Во продолжение ќе ви пренесеме дел од највозбудливите новогодишни излози низ годините на брендови и стоковни куќи како Tiffany&Co, Луј Витон, Lord & Taylor, Harrods...

Фото извор: Getty images, Vogue, Harper's Bazaar

Објавено:
29 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
431 пати