Велигден е еден од најубавите православни празници, па не се сомневаме дека повеќето од вас посветуваат посебно внимание на декорацијата на велигденските јајца, а и домот.
Во време на Интернет на креативноста ѝ нема крај, па така можете да ја пуштите сета своја имагинација и да создадете една посебна атмосфера за празникот.
За таа цел, ние одлучивме да извдвоиме по неколку предлози, кои можете да ги примените, или пак да се инспирирате од нив. Како и да е, сигурни сме дека што и да одберете од понудените опции, ќе ги изненадите најблиските и гостите, а особено најмалите, кои веројатно и најмногу му се радуваат на празникот.
Декорација на врата
Како што се прават венци за Божиќ, така сè позастапени се и оние за велигден. Можете да одберете класичен облик, па да го декорирате со украсни јајца. Но, можете да избегате од клишето и да направите или купите венец во облик на зајче, јајце, морков или било што ви се допаѓа, а е соодветно за празникот.
Украсување на домот
Стаклени садови, кошнички, елементи од хартија, стари копчиња, бои и четки - ова е само еден мал дел што може да ви послужи при украсување на домот.
... и масата
Во галеријата има повеќе предлози, а ние посебно внимание обрнавме и на салфетките, кои несомнено ќе дадат празничен изглед на масата.
Шарени велигднески јајца
Се појавија многу нови техники на декорирање јајца за Велигден. Ние нема да ги објаснуваме детално, бидејќи речиси и да нема некој што не ги знае, или веќе не прочитал за тоа, но ќе дадеме интересни идеи.
Декорација на храна
Велигден не е Велигден без богата трпеза. А доколку и храната сакате да ја декорирате во ваков манир, тогаш еве неколку предлози како може да ви изгледаат дел од јадењата: