Најубавото кино на отворено!

30 јули 2019

Летната сезона е идеално време за кино на отворено. Доказ дека и Македонците ја сакаат оваа активност се и посетените проекции во Градскиот парк, односно МКЦ.

Инспирирани токму од тоа, си дозволивме малку да си фантазираме, па денеска ви го презентираме едно од најубавите кина на отворено.

Се наоѓа на Ибица, па веднаш ви е јасно дека епитетот најубавото ни е оправдано употребен.

Веќе неколку години, ова е нова атракција на островот. 

„Аманте Бич Клуб Синема“ им нуди на гостите шанса да уживаат во удобни софи и кревети, додека грицкаат или пијат коктели, а опкружени се со неверојатна природа. 

Од овде посетителите имаат поглед на „Сол де Сера“ заливот, посебно волшебен во вечерните часови.

Кино не е кино без пуканки. За педесет евра можете да добиете неограничено количество пуканки, чаша префинето вино и меко ќебе, кое можете да го искористите кога температурите ќе се намалат.

Ова уживање на отворено е достапно од јуни до септември, секоја вечер од 22.30 часа, а филмската програма е различна, од оскаровски остварувања, до класици. 

Со оглед на популарноста, голем број хотели и плажи изнајмуваат кино на отворено и им даваат можност на гостите за екстра уживање.

 

фото извор: cinemaparadisoibiza.com

Објавено:
30 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
270 пати