Најубавото кино на отворено се наоѓа во Лисабон

10 јуни 2023

Cine Society е кино на отворено на кров на зграда, кое нуди фантастичен поглед на пастелниот пејсаж на Лисабон.

Многумина кои имале прилика таму да уживаат во проекција на некои од филмските класици, го опишуваат како едно од најубавите искуства и едно од најубавите кина на отворено во светот, директно под ѕвезденото небо.

Започнало со работа во 2017 година, а сместено е во срцето на Лисабон, во населбата наречена Чиадо, која важи за центар на градската култура. Во околина се наоѓаат бројни музеи и театри и културни знаменитости.
На својот репертоар, ова кино нуди различни остварувања, како најсвежи, така и такви кои се со постар датум и со историско значење.

Покрај киното, на терасата на се наоѓа и бар со освежителни коктели кои на еден совршен начин го комплетираат убавото искуство.

 

Објавено:
10 јуни 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
403 пати