Наместо плажа и гужва - Дрвени летни куќички во природа како совршено бегство од реалноста

11 јули 2020

Идеалниот одмор не секогаш значи плажа и гужва. Некој броените денови од летниот одмор, во неговото најсовршено издание, ги гледа далеку од гужва, во мала дрвена куќичка, изолирана во длабоките сенки на шумата или мирот на планина.

Во некои земји, особено скандинавските, традицијата многу често вклучува токму таква опција за летен семеен одмор.

Вообичаено, тоа се дрвени куќи со мала квадратура, доволна за да ги задоволи основните потреби за удобен престој. Но, вусшност магијата се случува околу, во прекрасното зелено пространство што ја опкружува и волшебството што таквото опкружување го нуди како искуство.

Надополнети со летна тераса што ја красат цвеќиња, а понекогаш и мал базен за освежување, ваквиот летен пејсаж веруваме дека може да ве разубеди доколку досега летниот одмор не сте го замислувале никако понаку освен на песочна плажа.

За уште малку да ви ја поттикнеме фантазијата, погледнете ги фотографиите во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
11 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
6.982 пати