Народните носии од егзотични земји низ објективот на Ен Менке

29 мај 2014

Фотографката на Вог, Ен Менке, фасцинирана од уметноста и историјата проткаена низ националните носии на повеќе егзотични земји, одговорила на предизвикот да направи фото-авантура низ Аргентина, Кенија, Индија, Перу и уште неколку други, не толку комерцијално популарни дестинации, а сепак привлечни за фоторепортерското око. Меморираните народни носии таа ги сублимирала во својата книга „See The World Beautiful“ од 2012 година, која сега ја надоградува со нови интернационални искуства.

Низ страниците на книгата, визуелно се запознаваме со бесконечно богатиот колорит на индиското сари, инспиративните дезени аплицирани на турбаните на кениските жени и топлите црвени везени џемпери на земјоделците во Перу, како дел од националната култура на овие народи.

Бразил Бразил

Индија Индија

Кенија Кенија

Перу Перу

Перу Перу

Шпанија Шпанија

 

 

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Култура