Нашата голема тениска надеж Калин Ивановски ќе игра во четвртфинале на Вимблдон

7 јули 2022

Нашата голема тениска надеж Калин Ивановски (18) успеа да се пласира во четвртфиналето на јуниорскиот дел на Вимблдон, со што си обезбеди место меѓу осумте најдобри на овој Грен слем турнир.

Вчера тој успеа да го победи ривалот од Литванија, Едјас Бутвилас со 2:1 во сетови со што го оствари својот најголем професионален успех на тенискиот терен досега, а воедно со овој триумф значи и историски национален успех.

Осумнаесетгодишниот Ивановски на турнирот досега забележа три победи, откако претходно ги елиминираше Британецот Лука Пау и Мексиканецот Родриго Пачеко.

Во битка за полуфиналето тој ќе се соочи со Шпанецот Педро Роденас.

Објавено:
7 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
416 пати