Нашите танчари со Даунов синдром по втор пат Светски прваци во хип хоп!

20 мај 2019

Додека сите беа насочени кон Евровизија, во Римини викендов се случуваше уште еден натпревар. Се работи за Светскиот куп во рамки на Европското првенство во Италија, Римини, каде учество зема и пара-танчарската група од клубот „Денсерс Јунајтед“.

Тие го повторија успехот од Светското првенство во Грац, се вратија со одличен резултат и нè направија среќни!

„На среќата ѝ нема крај! Нашите танчери денес си го потврдија златниот медал на Светскиот куп во рамки на Европското првенство до Римини. Голема благодарност до родителите кои нè поддржуваат и огромна благодарност за Вики за кореографијата која не престанува да освојува. Браво дечки, како и секогаш многу сум горда на вас“, е дел од изјавата на Сара Кочан, предводник на тимот и основач на танцовото студио.

Додека да пристигне видеото од настапот, погледнете ги фотографиите.

Честитки до танчарите, а нивната приказна можете да ја прочитате ТУКА.

Објавено:
20 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
579 пати