Наскоро ќе гледаме римејк на „Scarface“

22 мај 2020

Првата верзија на култниот „Scarface“ е од 1932 година. Филмот е во режија на Хауард Хокс, додека Пол Муни се најде во главната улога. Но, римејкот кој ја доживеа својата премиера во 1983 година е оној што повеќето го знаеме и кој доживеа вртоглава популарност.

Оваа верзија на филмот ја режираше Брајан де Палм, а во главните улоги се најде фантастичната двојка, Ал Пачино и Мишел Фајфер.

Но, наскоро ќе гледаме уште еден римејк и тоа во режија на познатиот Лука Гвадањино, а по сценарио на браќата Коен. Како пренесуваат странските медиуми, италијанскиот режисер но новата верзија ќе вметне елементи од претходните два и ќе биде „преиспитување на основната приказна за емигрантите раскажана во филмовите од 1932 и 1983 година“.

Кој ќе се најде во главните улоги, сè уште не е објавено. Она што е познато е дека филмот ќе се снима во Лос Анџелес, а првичниот план е да излезе следната година.

Инаку, последниот филм на Гвадањино е „Call Me By Your Name“, кој имаше неколку номинации за Оскар, помеѓу кои и за „Најдобар филм“.

 

Објавено:
22 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
190 пати
Тагови: 
Scarface