„Нетфликс“ наскоро ќе не' почести со нова серија насловена како „Емили во Париз“, која уште ја нарекуваат и модна наследничка на „Сексот и градот“.
Имено, зад серијата се потпишува Дарен Стар, истиот човек кој е заслужен за шест сезони токму на „Сексот и градот“, а во новиот проект со себе ја зема и познатата костимографка Патриција Филд, без чии комбинации серијата немаше да го има истото внимание.
View this post on Instagram
Да бидеме реални, да не беше модата, „Сексот и градот“ дефинитивно немаше да биде исто популарна, а за потсетување Патриција Филд се потпишува и како костимографка на „Ѓаволот носи Прада“, па оттаму и возбудата за новата најавена серија.
Инаку, дејството во „Емили во Париз“ го следи животот на девојката Емили која се сели од родното Чикаго во Париз, за да работи во маркетинг агенција.
View this post on Instagram
Она што за сега е познато дека една сезона е снимена во Париз пред пандемијата и има десет епизоди. Во главната улога е Лили Колинс. Официјален датум за премиерата се' уште не е познат, но се очекува серијата да почне да се емитува на есен.
View this post on Instagram
Отворен е и Инстаграм профил на серијата, а оттаму се и фотографиите во прилог на текстот. Големи се очекувањата од овој веќе проверен тим, а дали ќе ги исполни, ќе видиме на есен.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram