Настан за сите родители и деца: Викендов „После часови“ во Градски парк

10 септември 2019

На огромно задоволство на сите родители, деца и млади на 14ти и 15ти септември ќе се одржи второто издание на саемот за воннаставни програми и активности – После Часови!

Овие два дена ќе бидат исполнети со разни забавни, активни и практични активности, а секое дете ќе ја има уникатната можност да го искуси и доживее сѐ она што го нудат најдобрите едукативни центри, организации, музички и уметнички студија и спортски клубови кај нас.

Организаторите веќе ги објавија сите изложувачи, како и официјалната програма, а на големо задоволство ја објавуваме и ние:

Сабота 14.09.2019|
10:00 Зумбини® и ран музички развој | Зумбини® со Тереза
10:30 Проверете зошто мечувањето е различен спорт од останатите | Мечувалечки клуб „Ескрим"
11:00 Гимнастика – повеќе од спорт | КГС Партизан ОРЦЕ НИКОЛОВ
11:30 Светот на децата на едно место со Просветно дело | Просветно Дело
12:00 Сакам роботи со IThink Академија | Seavus
12:30 Бреинобреин Демо Презентации – Мултитаскинг | Brainobrain
13:00 Storytime / Време за приказна | Bridges Learning
13:30 Kids having fun | Balkan Fun
14:00 Изложба на фотографии | Истражувачко друштво на биолози
15:30 ШАМПИОНАДА | Champions House
16:00 Демонстрација на Нинџутсу вештини | Буџинкан Македонија
16:30 Перформанс на Beatrix Crew | Beatrix
17:00 KaDance Salsa Bachata & Zumba | Каденс
17:30 Music House Promo Concert | Music House

Недела 15.09.2019|
10:00 Балканскиот рис – големата мачка со мали шанси | Македонско еколошко друштво
10:30 Перформанс | Студио за танц Абстракт
11:00 Презентирање на книгата „Зебричка" | Топер
11:30 Иновативни програми за модерни генерации | Арс Ламина
12:00 Училиште за ментална аритметика за деца кои го менуваат светот | Малац Генијалац
12:30 Mузика и танци со роботите Dash i Dot | MindHub
13:00 Кул деца – креативни деца | Cool Kids
13:30 "Што се случи во автобусот на линијата С?" | Детско Младинско Драмско Студио СЦЕНА
14:00 Creative Hub за креaтивни деца | Creative Hub
15:30 ШАМПИОНАДА | Champions House
16:00 Читаме – сонуваме – креираме! | Детски Креативен Центар при МКЦ
16:30 По патот на музиката | ПИЈАНОФОРТЕ
17:00 Претставување на музичкото училиште Ентерпрајз | Enterprise
17:30 Jazz & hip hop performance | Aqua Dance Club

Настанот е бесплатен и отворен за посета за широката јавност, а ќе се одржи на 14ти и 15ти септември 2019 во Градскиот Парк, поточно на Школка, со времетраење од 10:00 до 18:00 часот двата дена.
Следете ги сите информации и детали поврзани со настанот на официјалната Facebook фан страна – ОВДЕ.

Објавено:
10 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
126 пати