Наташа Малинкова го најавува видео записот за прекрасната балада „Кога не си ти до мене“

18 февруари 2019

Поп пејачката Наташа Малинкова со својот тим периодов посветено работеше на реализација на новиот видео запис за нејзината балада „Кога не си ти до мене", што наскоро се очекува и официјално да биде објавен.

Како најава за спотот, Наташа објави кратко видео зад сцената и неколку фотографии кои укажуваат на тоа дека треба да очекуваме светски продукт.

Костимографијата која придонесува за фантастичен визуелен ефект е на етаблираната модна куќа „Елена Лука". Наташа изгледа фасцинантно во впечатливите, сценски тоалети на македонскиот моден бренд, што дава дополнителен шарм на комплетната приказна. Шминката е на Марија Лазов.

„Особено задоволство ни е првата соработка со модната куќа „Елена Лука" коja се потруди визуелизацијата на видео спотот и фотосесијата од истиот да изгледаат светски. За фотографиите беа задолжени Ѓорѓи Вацев, Пеце Здравковски и Александар Вајдевски, кои изработија одлични кадри, а истите веќе се поставени на официјалните профили на Наташа на Инстаграм и Фејсбук", велат од тимот кој работеше на реализацијата на спотот.

Музиката и текстот се на Столе Аврамов, а продукцијата на Столе Аврамов и Зоран Алексиќ.

Во очекување на официјалната промоција на спотот, погледнете ги видеото и фотографиите зад сцената.

 

Објавено:
18 февруари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
370 пати