Науката потврди: Ќерките навистина се претвораат во мајките

1 јули 2019

Додека се мали, девојчињата сакаат да бидат како нивните мајки. Се облекуваат како нив, се шминкаат и ги обожуваат своите мајки.

Во периодот на пубертет секоја сличност со мајката е како ноќна мора. Како растат, девојчињата си ветуваат дека никогаш нема да бидат како своите мајки. 

Но, ќерката станува мајка, па заморот е константа, најголема радост ѝ е раното заминување во кревет, чантата е во хаос, тинејџерите прегласни, пее стари хитови, шопингот го менува со шопинг за украси за дома и... сфаќа дека се претворила во својата мајка.

Но, дека не станува збор само за матрица на однесување, туку и за научно потврден факт, доказ е и неодамнешното истражување спореведено во Британија.

Резултатите од истото покажале дека на возраст од 33 години жените и официјално се „претвораат“ во своите мајки, почнуваат да ги усвојуваат нивните ставови и вкусови, а најголем момент кога се „пресликуваат“ е моментот кога ќе станат и самите мајки.

Но, дури и да не се остварат како мајки до таа возраст, жените сепак почнуваат да заличуваат на мајките во раните 30-ти, а тука пред сè не мислиме толку на физичкиот изглед, туку на начинот на кој се однесуваат.

Научата вели дека тоа и не е воопшто лошо, како што најчесто се претставува во јавноста.

Повеќе од половината испитанички кои учествувале во студијата, признале дека престанале да се бунат и да се спротиставуваат на мајките токму во 30-тите.

Стареењето знае да биде застрашувачко, во младоста жените се плашат дека ќе личат на мајките, бидејќи помеѓу другите тоа е зннак дека не можеме да се оттргнеме на процесот на стареење, дека животот тука завршува и дека сега останува само да одгледуваат деца. 

Не е едноставно да се збогувате со безгрижните денови, но ако на тој нов пат на учења и запознавање на новата верзија од себе ја имате поддршката на мајката која ве сака и ве разбира, која ви помага секогаш кога може - навистина сте среќни!

Мајката ќе ве разбере зошто понекогаш ви доаѓа да се откажете од сè, но сепак секое утро се будите и тргнувате во нови борби и победи.

Мајката е таа која разбира како е да седите до креветчето на болното дете. Таа знае како е да влезеш во продавница со идеја да си ја купиш јакната која и тоа како ти е потребна, но излегуваш со работи за детето.

Мајката знае како е да се изгубиш себеси во секојдневието, но исто така знае какво фантастично чувство е кога повторно ќе се пронајдеш и кога ќе видиш дека сите непроспиени ноќи водат кон нешто подобро - и за вас и за неа.

Претворањето во мајка си само значи дека жените се позрели, учат од своите грешки и победи, дека се доволно силни да се соочат со светот и животот кој понекогаш воопшто не е лесен, исто како што тоа го правела и таа.

Затоа - тоа да личите на својата мајка е добра работа и знак дека сте на вистинскиот пат да се спознаете себеси од сите аспекти!

Објавено:
1 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.998 пати