Науката вели: Мажите на жените им предизвикуваат седум часа повеќе работа во домаќинството

10 јануари 2020

Ние среќаваме и познаваме голем број мажи што и тоа како добро се снаоѓаат во домаќинските работи и помагаат. Но, резултатот на истражувањето спроведено на „Универзитетот Мичиген“ не се совпаѓа со нашите искуства.

Имено, неколку истражувачи сакале да откријат колку се сменила поделбата на домаќинските работи од 1960-тите до денес.  Иако и самите откриле напредок кај мажите, сепак резултот не е баш со позитивен исход.

Американските научници откриле дека жените без партнер и деца трошат околу 10 часа неделно на домаќински работи.

Мажените жени без деца трошат 17 часа неделно на домаќински работи што вклучуваат миење садови, чистење, перење алишта и слично.

Кај мажите бројката е речиси непроменета. Мажите без партнерка и деца трошат околу осум часа неделно на домаќинството, додека оние во брак (а без деца) нешто повеќе од седум часа!

Заклучокот е дека мажите во куќата ѝ ја зголемуваат работата на жената во домот. Односно, дека мажите предизвикуваат повеќе неред во заедничкиот дом.

Кои се причините за тоа, истражувачите потенцираат дека можат да бидат различни и да варираат, бидејќи кој што и колку работи во домот и домаќинството, е индивидуално и зависи од повеќе фактори.

Што мислите вие? Какви се вашите искуства?

Објавено:
10 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.886 пати
Извор: 
her.womenworking.com